• недела, 28 јули 2024

Македонската Еспорт федерација ги заврши националните квалификации за СП

Македонската Еспорт федерација ги заврши националните квалификации за СП

Скопје, 5 април 2023 (МИА) - Македонските репрезентативци во еспорт и годинава ќе учествуваат на Светското првенство, кое ќе се одржи во август во Романија.

 

Оваа година МЕСФ учествува со 16 репрезентативци на меѓунанордни натпревари во организација на Меѓународната Еспорт Федерација.

 

- Очекуваме солидни резултати и оваа година и се надеваме дека повторно ќе освоиме медал на Светското првенство. Овие победи се од големо значење за развој на еспортот кај нас и придонесуваат за популаризација на гејмингот како вистински спорт, изјави Бобан Тотовски, претседател на Македонската Еспорт Федерација. 

 

Минатиот месец се одржаа националните квалификации за PUBG Mobile, Tekken 7, eFootball 2023 и CS:GO за Светското првенство. зс/

 

 

Остани поврзан