• среда, 25 декември 2024

Лулзим Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина

Лулзим Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина
Скопје, 28 јуни 2022 (МИА) - Воспитанието и образованието се важни предуслови за градење здрави личности, кои решението на проблемите го наоѓаат по мирен пат. Токму вие како нивни наставници, покрај семејствата, играте важна улога во трасирањето и издигнувањето на учениците, кои во иднина секој конфликт треба да го решат со вербална, а не со физичка комуникација. Ова го истакна заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу, на Втората мировна средба, која е организирана од страна на Првата детска амбасада „Меѓаши“. - Понекогаш не е доволно само да се преземат педагошки мерки за учениците, кои мирното решавање на проблемот, го замениле со насилство, туку треба да се примени и психологијата и да почнеме да размислуваме и малку поинаку. Со овие обуки, очекуваме да имаме се помалку насилство во училиштето, но и надвор од него, да им дадеме како наставници елан на младите дека за секој проблем, има и решение, ако истото го бараме по мирен пат, рече Алиу, додавајќи дека заедничка обврска е да се превенира, да се преземе акција уште на самиот почеток, пред да се соочиме со немили сцени во училиштата. Мирното решавање на конфликтите, додаде тој, е предуслов за развој на здрава средина во која сите учесници во образовниот систем ќе соработуваат без оглед на нивната социјална или етничка припадност. - Верувам дека вие како учесници на оваа обука и покрај долгогодишното искуство во полето на образованието и воспитанието, ќе успеете да допрете до учениците, да ги мотивирате учениците за прашања од областа на комуникацијата и ненасилната разработка на конфликти, за процесите на донесување на одлуки, активно граѓанско учество, како и да се иницирате различни активности преку кои учениците од различни општествени, верски и етнички заедници да соработуваат помеѓу себе, да бидат охрабрени за активен став во нивната средина, без насилство и со свесност за бројните видови неправди, дискриминации и насилства, кои се важни за градење активен мир, граѓанско организирање и ненасилно однесување, изјави заменик министерот Лулзим Алиу. ир/сп/

Остани поврзан