• петок, 08 ноември 2024

Лула: Маск мора да ги почитува одлуките на Врховниот суд на Бразил

Лула: Маск мора да ги почитува одлуките на Врховниот суд на Бразил

Сао Паоло, 30 август 2024 (МИА) - Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска изјави дека сопственикот на платформата Икс, Илон Маск, мора да ги почитува пресудите на Врховниот суд на Бразил.

Платорфмата денеска работи нормално во Бразил, а менаџментот на компанијата најави дека очекуваат судијката на Врховниот суд Александре де Моарес да нареди да се оневозможи апликацијата „наскоро“, по законскиот рок во кој американската компанија требаше да го назначи правниот застапник за Бразил.

На почетокот на овој месец, платформата Икс соопшти дека „веднаш“ го повлекува својот преостанат персонал во Бразил, нагласувајќи дека Мораес му се заканил на правниот претставник на компанијата во земјата со апсење. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан