• сабота, 09 ноември 2024

Лукашенко: Ако Полјаците се обидат да ја заземат Западна Украина, ќе им укажеме помош на Украинците

Лукашенко: Ако Полјаците се обидат да ја заземат Западна Украина, ќе им укажеме помош на Украинците

Минск, 4 октомври 2024 (МИА) - Ако Полска изврши инвазија на Украина, Белорусија ќе ги поддржи Украинците, рече белорускиот претседател Александар Лукашенко за време на неговата средба со жителите на градот Парохонск на 4 октомври.

Александар Лукашенко истакна дека Полска има свои интереси во Украина. Ова се манифестира во односот на полските елити кон Украина. Главното прашање меѓу земјите во моментов е масакрот во Волин – масовното убивање на Полјаци од страна на украинската востаничка армија за време на Втората светска војна.

„Многу работи се случија за време на војната... Украинците го запалија Катин во нашата земја. Беше кошмар тоа што го направија во регионот Припјат по наредба на фашистите. Дали ќе го вадиме минатото целиот наш живот? реторички праша претседателот.

Според него, тврдењата на Полска се засноваат на желбата за заземање на западниот дел на Украина.

„И западна Белорусија и западна Украина. Тие сакаат да доминираат таму. Ова за нас е неприфатливо. Ако Полјаците ја нападнат Украина и се обидат да ја заземат нејзината западна територија, ние ќе ги поддржиме Украинците. Сфаќаме дека ќе бидеме следниот“, рече Лукашенко. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан