• недела, 28 јули 2024

Лукашенко и Путин разговараа за мигрантската криза на белоруско-полската граница

Лукашенко и Путин разговараа за мигрантската криза на белоруско-полската граница
Минск, 16 ноември 2021 (МИА) - Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко разговараше со претседателот на Русија Владимир Путин за мигрантската криза на белоруско-полската граница, јави агенцијата Анадолија. Во соопштението од кабинетот на претседателот на Белорусија се наведува дека двајцата лидери телефонски разговарале за настаните на белоруско-полската граница и за заедничките активности на Русија и Белорусија во областа на одбраната. Наведено е дека се разговарало и за настаните во Украина и непланираните воени вежби на САД на руската граница и на Црното Море. Лукашенко го информирал Путин и за телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел. паг/  

Остани поврзан