• среда, 25 декември 2024

Лукашенко: Белоруски војници се распоредени долж целата граница со Украина

Лукашенко: Белоруски војници се распоредени долж целата граница со Украина

Минск, 18 август 2024 (МИА) - Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека Украина распоредила повеќе од 120.000 војници долж границата со Белорусија и дека како одговор Минск испратил воени формации долж целата своја граница, јавија руските медиуми. 

Лукашенко, кој е сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека границата меѓу Белорусија и Украина е минирана „како никогаш досега“ и дека украинските војници ќе претрпат огромни загуби доколку се обидат да ја преминат. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан