• вторник, 24 декември 2024

Лукаревска од Пробиштип: 2023 е година на економска пресвртница, грижата за сите продолжува

Лукаревска од Пробиштип: 2023 е година на економска пресвртница, грижата за сите продолжува
Скопје, 26 ноември 2022 Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска денеска од трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Пробиштип порача дека СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи презема конкретни и навремени мерки за надминување на последиците од светската економска криза и дека следната година ќе биде подобра. - Во време на најголема светска економска криза ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, ги зголемивме пензиите и платите, ги исплативме сите заостанати субвенции кон земјоделците и реализиравме два пакета мерки вредни над 760 милиони евра, порача Лукаревска. Заменик претседателката Лукаревска истакна дека поддршката за граѓаните и економијата продолжува и натаму а Буџетот за 2023 е еден од инструментите за надминување на последиците од кризата. - Во Буџетот за 2023 година предвидени се средства за зголемување на минималната плата и нов раст на пензиите, но и доволно средства за зголемување на лимитот за поврат на ДДВ кон граѓаните. Повратот на ДДВ е една од најуспешните мерки и од следната година го зголемиваме прагот за поврат од 1.800 на 2.100 денари квартално. 2023 ќе биде година на нова надеж и економска пресвртница, а тоа го покажува и проекцијата на ЕБОР за економски раст од 2.3 отсто што е повеќе од европскиот просек на раст исто така според проекциите на ЕБОР. Како одговорна партија продолжуваме да се грижиме за сите граѓани, порача Лукаревска во Пробиштип. Лукаревска рече дека СДСМ и на локално ниво ја прави разликата. Додека ВМРО-ДПМНЕ ги заглави општините кои ги води, градоначалниците на СДСМ ги развиваат и постојано реализираат нови проекти а пример за тоа е градоначалникот на Пробиштип, Драган Атанасов, додаде заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Пробиштип. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан