• среда, 13 ноември 2024

Лопетеги: Секогаш боли кога ќе загубиш во финале, но бевме на исто ниво со Баерн

Лопетеги: Секогаш боли кога ќе загубиш во финале, но бевме на исто ниво со Баерн
Будимпешта, 25 септември 2020 (МИА) - Тренерот на Севиља, Хулен Лопетеги тешко го проголта поразот од Баерн (Минхен) со 1:2 во финалето на Суперкупот на Европа. Тој рече дека ваквите порази секогаш болат. Сепак, стручњакот ги пофали своите играчи дека се рамноправни со најдобриот тим во Европа. - Секогаш боли кога ќе загубиш во финале, особено кога сиимал шанса да победиш. На моменти бевме притиснати, но во исто време успеавме да ги повредиме. Победничкиот гол за противникот дојде токму кога најмалку очекувавме. Тренираме само 12 дена, но сепак бевме на исто ниво со најдобриот тим во Европа и го доведовме натпреварот во продолженија. Тоа е повеќе од многу други кои се соочија со Баерн, изјави Лопетеги.

Тагови

Остани поврзан