• сабота, 09 ноември 2024

Локални избори во Подгорица и Котор, отворени избирачките места

Локални избори во Подгорица и Котор, отворени избирачките места

Подгорица, 29 септември 2024 (МИА) - Граѓаните на Подгорица и Котор денеска гласаат на локални избори, а избирачките места се отворени од 7 часот до 20 часот, јавуваат црногорските медиуми.

Право на глас во главниот град имаат 145.724 избирачи кои ќе избираат меѓу 13 листи, а во Котор право на глас имаат 18.498 граѓани, кои ќе избираат меѓу 12 листи.

Во изборната трка ќе бидат коалицијата на „Движењето Европа сега“ и „Демократска Црна Гора“, како и коалицијата „За иднината на Подгорица“ која ја сочинуваат „Нова српска демократија“, „Демократска народна партија“, „Социјалистичка народна партија“, „Обединета Црна Гора“, Работничка партија, „Слободна Црна Гора“ и „Вистинска Црна Гора“.

На изборите учествуваат и коалицијата „За подобра Подгорица Јаков Милатовиќ“ која ја сочинуваат Движењето за Подгорица, Граѓанското движење УРА и Движењето за промени, потоа Демократската партија на социјалистите и Бошњачката партија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан