• недела, 28 јули 2024

Лога: Потребен ни е нов Изборен законик, бројот на изборни единици е најмал проблем

Лога: Потребен ни е нов Изборен законик, бројот на изборни единици е најмал проблем

Скопје, 27 март 2023 (МИА) - Нас ни е потребен нов Изборен законик, бројот на изборни единици е најмал проблем, изјави денеска министерот за правда Кренар Лога.

На брифинг со медиуми Лога рече дека ако нема договор за промена на Изборниот законик, останува постојното решение со шест изборни единици.

- Тоа е јасно. Ако не тоа, барем да ги имаме препораките од ОБСЕ/ОДИХР, изјави Лога.

Лога додаде и дека ставот на неговата партија, Алијанса за Албанците е земјава да биде поделена на осум изборни единици и изборните правила да бидат спгласно методологијата на ЕУ. аа/сп/

Остани поврзан