• недела, 28 јули 2024

Лилард го обнови договорот со Портланд за 122 милиони долари за две години

Лилард го обнови договорот со Портланд за 122 милиони долари за две години
Портланд, 9 јули 2022 (МИА) – Ѕвездата на Портланд, Демијан Лилард потпиша двегодишно продолжување на соработката со клубот. Двегодишната верност тој ја наплати 122 милиони долари, објави инсајдерот на „ESPN“, Боби Маркс. Лилард минатата сезона одигра само 29 натпревари, а пропушти поголем дел од НБА-сезоната поради здравствени проблеми. Оставри просек 24 поени, 4,1 скок и 7,3 асистенции по натпревар. Лилард во Портланд игра од 2012 година кога беше избран на драфтот како шести пик во првата рунда. зс/

Остани поврзан