Лига на нации: Победи за Белгија, Франција и Португалија
- Во Лигата на нациите вечерва се одиграа четири натпревари од најквалитетната дивизија – А во групите „2“ и „3“.
Стокхолм, 8 септември 2020 (МИА) – Во Лигата на нациите вечерва се одиграа четири натпревари од најквалитетната дивизија – А во групите „2“ и „3“.
Белгија забележа убедлив триумф над Исланд, Франција ја совлада Хрватска, Португалија беше поуспешна од Шведска, додека реми без голови одиграа Данска и Англија.
Резултати:
Белгија – Исланд 5:1
Данска – Англија 0:0
Франција – Хрватска 4:2
Шведска – Португалија 0:2.
Табела Група 2: Белгија 6 бода, Англија 4, Данска 1, Исланд 0.
Табела Група 3: Португалија 6 бода, Франција 6, Шведска 0, Хрватска 0. зс/