Леклер шокиран од доаѓањето на Хамилтон во Ферари
- Возачот на Ферари, Шарл Леклер, кога го продолжил договорот со тимот од Маранело, не ни помислувал дека Луис Хамилтон ќе договори трансфер.
![Леклер шокиран од доаѓањето на Хамилтон во Ферари](https://new.mia.mk/index.php/images/20240206125040_big_730x400_90.webp )
Рим, 6 февруари 2024 (МИА) – Возачот на Ферари, Шарл Леклер, кога го продолжил договорот со тимот од Маранело, не ни помислувал дека Луис Хамилтон ќе договори трансфер.
Тој бил шокиран и разочаран од веста за доаѓањето на Хамилтон во Ферари, пишуваат медиумите во Италија.
Возачот на Мерцедес ќе го замени Карлос Сајнц во 2025 година и ќе стане тимски колега на Леклер.
Според Corriere dello Sport, Моначанецот не е пријателски настроен кон Хамилтон. Весникот забележува дека подобар пласман од Хамилтон ќе го претвори Леклер во „херој“, а поразот ќе ја наруши репутацијата на Шарл кој неодамна го продолжи договорот со Ферари до 2029 година. зс/
Фото: ЕПА