• сабота, 23 ноември 2024

Левица: Нов удар пред грејната сезона - исчезнаа субвенциите од сметките за електрична енергија

Левица: Нов удар пред грејната сезона - исчезнаа субвенциите од сметките за електрична енергија

Скопје, 4 септември 2024

Владата со нов удар по џебот на граѓаните - ставката „субвенции“ на сметката за електрична енергија магично исчезна, пред почетокот на грејната сезона. Најпогодени од ваквата политика се граѓаните со најниски примања. По уште еден параметар, актуелната Влада, и покрај формирањето на ново Министерство за енергетика, успева да биде полоша, дури и од претходната!

Приватизацијата на енергетскиот сектор во Македонија беше скапа грешка. Товарот го носат граѓаните. Профитите што ги генерираат приватни енергетски компании не се реинвестираат во нашата енергетска инфраструктура. Наместо ова, тие се пренасочуваат за полнење џебови на „инвеститорите“.

Нашата електроенергетска мрежа се распаѓа поради недостиг на инвестиции кои очајно се потребни за нејзино обновување и задоволување на потребите на пазарот. Тоа доведува до недостиг на домашно производство на струја и рапидно зголемување на цените. Сметките за електрична енергија ставаат неподнослив товар како за домаќинствата, така и на индустријата.

Левица апелира да продолжи субвенционирањето на електричната енергија, чиј прекин ќе ги погоди најсиромашните и, веројатно, ќе доведе до нов бран на инфлација.
Само универзален државен снабдувач може да гарантира стабилизација на цените на електричната енергија, за што се залага и Левица.

Во спротивно, државата со народни пари ќе продолжи да ги полни џебовите на странските компании - создавање на државни капацитети ќе нема, државата ќе остане зависна од странски компании, додека народот е принуден да плаќа сè повисоки и повисоки сметки за струја.

Левица

фото МИА архива

______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан