• сабота, 23 ноември 2024

ЛДП: Нападот врз полициски службеник е напад врз државата

ЛДП: Нападот врз полициски службеник е напад врз државата

Скопје, 18 февруари 2024

Најостро го осудуваме насилството како појава во општеството бидејќи ги загрозува основните човекови права, особено е загрижувачки кога се случува меѓу полициски службеници, бидејќи нападот врз полицаец е сериозен напад врз државата, се вели во реакцијата на Либерално демократската партија. 

- Во однос на инцидентот што се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој биле инволвирани полициски службеници меѓу кои и припадник на МВР кој е дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потребно е институциите веднаш да постапат и да го расветлат случајот, како во рамки на Минисерството за внатрешни работи, така и Обвинителството да го истражи целиот случај бидејќи сите сме еднакви пред законот и никој не смее да помине неказнето, велат од партијата. 

Од ЛДП додаваат дека е потребно органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот.

 

 Либерално демократска партија

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан