Лајчак разговарал со Гутереш за Западен Балкан и проширувањето на ЕУ
- Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак денеска соопшти дека разговарал со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за Западен Балкан и проширувањето на ЕУ.
Њујорк, 9 јануари 2025 (МИА) - Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина Мирослав Лајчак денеска соопшти дека разговарал со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за Западен Балкан и проширувањето на ЕУ.
„За мене е голема чест да се сретнам со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Уживав во нашиот разговор за Западен Балкан и проширувањето на ЕУ и ги ценам неговите согледувања и проценки“, напиша Лајчак на социјалната мрежа Икс.
Тој претходно во Њујорк разговараше со заменик-генералниот секретар на ОН за политички и мировни прашања Розмари Ди Карло за Западен Балкан, регионалните случувања и дијалогот Белград-Приштина. рп/
Фото: МИА архива