• петок, 10 јануари 2025

Најмалку 40 загинати во воздушен напад на војската врз село во Мјанмар

Најмалку 40 загинати во воздушен напад на војската врз село во Мјанмар

Јангон,9 јануари 2025 (МИА) - Во воздушен напад на војската на Мјанмар врз село контролирано од вооружена бунтовничка група загинаа околу 40 луѓе, а најмалку 20 други беа повредени, а стотина куќи изгореа, соопштија официјални лица и локална добротворна организација.

Нападот се случил вчера во селото Кјаук Ни Мау, на островот Рамри, област контролирана од бунтовниците Аракан во западната држава Ракин.

Армијата немала најава дека планира напад врз оваа територија.

„Сите загинати се цивили. Меѓу загинатите и повредените има жени и деца“, изјави портпаролот на Армијата на Аракан.

Пожарот што бил предизвикан од воздушниот напад се проширил низ целото село и уништил повеќе од 500 куќи, додаде тој.

Водачот на добротворната организација, која им помага на жителите на селото, денеска за американските медиуми соопшти дека најмалку 41 лице загинало, а 50 се повредени во воздушниот напад, чија цел бил селскиот пазар.

Засега е нејасно зошто селото било цел на нападот.

Нападот врз селото не можеше да биде независно потврден, бидејќи пристапот до интернет и мобилната телефонија во околината е главно во прекин.

Армијата на Аракан е добро обучено и добро вооружено воено крило на движењето на етничките малцинства Ракин, кое бара автономија од централната влада на Мјанмар. Таа е исто така членка на сојузот на вооружени етнички групи кои неодамна освоија стратешка територија на североистокот на земјата на границата со Кина.сд/

Остани поврзан