• недела, 10 ноември 2024

Лапид повика на „цврст“ одговор на нападот во Иран: „Израел ќе биде победник“

Лапид повика на „цврст“ одговор на нападот во Иран: „Израел ќе биде победник“

Тел Авив, 2 октомври 2024 (МИА) – Лидерот на израелската опозиција Јаир Лапид повика на „цврст“ одговор на синоќешниот напад со балистички ракети од Иран.

- На нашите непријатели треба да им биде јасна една работа: Израел ќе биде победник, вели тој во изјавата.

- Со нашите воени капацитети, нашите одбранбени индустрии, поддршката на нашите сојузници и особено силата на нашиот неверојатен народ, знаеме дека дури и кога цената е висока, ќе победиме, продолжи Лапид.

Според него, Техеран „ќе плати значајна и висока цена за синоќешниот напад“.

- Техеран знае дека Израел доаѓа. Одговорот треба да биде остар и треба да испрати недвосмислена порака до оската на тероризмот во Сирија, Ирак, Јемен, Либан, Газа и во самиот Иран, рече Лапид и повика на регионална стратегија со цел да донесе промени во регионот. јт/

Остани поврзан