• недела, 24 ноември 2024

Лапид го поддржува моделот две држави за решавање на израелско-палестинскиот конфликт

Лапид го поддржува моделот две држави за решавање на израелско-палестинскиот конфликт
Брисел, 12 јули 2021 (МИА) - Новиот шеф на израелската дипломарија Јаир Лапид денеска се обрати пред Советот за надворешни работи на Европска Унија, при што истакна дека не е тајна оти тој го поддржува решението за израелско-палестинскиот конфликт по моделот две држави. Но, тој додаде дека во моментот не се созреани условите за мировен договор. Според него палестинската држава мора да биде демократска и да тежнее кон мир со Израел. Тој истакна дека ги поддржува сите хуманитарни гестови кон Палестинците и напорите за подобрување на нивната економска ситуација. Лапид посочи дека потребно е отворање на нови поглавија во односите на Израел со ЕУ, додавајќи оти еврејската и европските држави делат либерални вредности. Лапид е прв израелски министер за надворешни работи, по Ципи Ливи, која во 2008 година се обрати пред Советот за надворешни работи на ЕУ. Претходно израелскиот министер се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, при што истакна дека Израел е подготвен да ја поддржи Алијансата во разузнавањето, кибер безбедноста, контратероризмот, климатските промени, поморската безбедност и противракетната одбрана. Лапид имаше и одвоени средби со министрите за надворешни работи на Германија, на Франција, на Холандија и на Чешка. ми/  

Остани поврзан