• четврток, 19 декември 2024

Лазарини: Гладот се уште може да се спречи во Појасот Газа

Лазарини: Гладот се уште може да се спречи во Појасот Газа

Њујорк, 25 февруари 2024 (МИА) - Гладот ​​сè уште може да се „спречи“ во Газа доколку Израел им дозволи на хуманитарните агенции да донесат поголема помош, изјави денеска шефот на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), Филипо Лазарини.

Според ОН, 2,2 милиона лица, што претставува огромно мнозинство од населението во Појасот Газа , се во опасност од глад поради израелските напади.

Тешкиот недостиг на храна може да доведе до повисоки стапки на смртност кај новороденчињата на северот од територијата, каде што секое шесто дете на возраст под две години е жртва на акутна неухранетост.

-Тоа е катастрофа предизвикана од човекот... Светот беше посветен никогаш повеќе да не дозволи глад, рече Лазарини.

Според него, гладот ​​сè уште може да се „избегне со вистинска политичка волја да се овозможи пристап и заштита на помошта“.

Палестинците во Газа во последните денови изјавија дека се принудени да јадат лисја, сточна храна, па дури и да убиваат товарни животни за да дојдат до храна.

ОН наведува дека пред војната, околу 500 камиони дневно влегуваа во Појасот Газа со разновидна стока, но од 7 октомври оваа бројка на камиони ретко надминува 200, и покрај огромните потреби кои се уште поитни сега кога економијата и земјоделското производство се уништени од војната.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан