• вторник, 01 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Моди: Индија е подготвена да пружи помош на настраданите од големиот земјотрес во Мјанмар и Тајланд

Моди: Индија е подготвена да пружи помош на настраданите од големиот земјотрес во Мјанмар и Тајланд

Њу Делхи, 28 март 2025 (МИА) – Премиерот на Индија, Нарендра Моди изрази загриженост поради големиот земјотрес што ги погодин Мјанмар и Тајланд и наведе дека Њу Делхи е подготвен да им понуди секаква можна помош на двете земји.

Тој додаде дека наредил властите да бидат подготвени за пружање помош, а индиското Министерство за надворешни работи да одржува контакт со владите на Мјанмар и Тајланд.

Голем земјотрес со интензитет од 7,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди централниот дел на Мјанмар, при што загинаа најмалку 20 луѓе, а 300 се повредени.

Земјотресот, што беше почувствуван во Југоисточна Азија, предизвика и уривање на зграда во изградба во главниот град на Тајланд, Бангкок, при што загинаа тројца работници, а 90 се заглавени под урнатините. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан