• сабота, 27 јули 2024

Кутлешиќ МВП во плејофот на АБА 2

Кутлешиќ МВП во плејофот на АБА 2
Скопје, 18 април 2022 (МИА) – Кошаркарот на Златибор, Душан Кутлешиќ е прогласен за најкорисен играч (МВП) на завршниот турнир во АБА 2 лигата што изминатите пет дена се играше во Скопје. Кутлешиќ имаше просек од 27,3 индексни поени на трите средби во плејофот. - Секоја чест, Душан! – стои во честитката до Кутлеш од АБА 2 лигата Вчеравечер во финалето и победата над МЗТ Скопје Аеродром, Кутлешиќ забележа дабл-дабл учинок со 33 поени и 10 скока. Индексот на Кутлешиќ во финалето беше 39. зс/

Остани поврзан