• сабота, 23 ноември 2024

Куртоа се враќа на терените на крајот на месецот

Куртоа се враќа на терените на крајот на месецот

Мадрид, 6 април 2024 (МИА) - Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ќе продолжи со тренинзите на крајот на месецот, откако на 19 март го повреди менискусот.

-На крајот на месецот повторно ќе тренирам со групата, изјави Куртоа, цитиран од новинарот Фабрицио Романо.

Белгискиот голман го скина менискусот веднаш по опоравувањето од повредата на вкрстените лигаменти заработена на почетокот на оваа сезона.

Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2026 година.дс

Фото: Архива

Остани поврзан