Купер: Велика Британија соработува со Оман за зголемување на капацитетот на авиосообраќајот од Мускат
- Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер денеска изјави дека Велика Британија соработува со авиокомпаниите за зголемување на капацитетот на воздушниот сообраќај од Мускат во Оман со цел приоритетно да се евакуираат ранливите британски граѓани.
Лoндон, 3 март 2026 (МИА) - Британската министерка за надворешни работи Ивет Купер денеска изјави дека Велика Британија соработува со авиокомпаниите за зголемување на капацитетот на авиосообраќајот од Мускат во Оман со цел приоритетно да се евакуираат ранливите британски граѓани.
Во разговор со членовите на британскиот Парламент, Купер рече дека е во директен контакт со своите колеги во земјите од Персискиот Залив, каде што досега се регистрирани околу 130.000 британски граѓани.
„Исто така, соработуваме со авиокомпаниите за зголемување на капацитетот од Мускат за британските државјани. Наш приоритет се ранливите државјани. Другите британски државјани во Оман мора да почекаат да бидат контактирани од Министерството за надворешни работи во врска со овие опции“, рече Купер. рп/мс/
Фото: ЕПА