• четврток, 02 јануари 2025

Кумановската општа болница идната година очекува кадровско доекипирање

Кумановската општа болница идната година очекува кадровско доекипирање

Куманово, 30 декември 2024 (МИА) - Во општата болница Куманово има недостаток на средно медицински персонал, надлежните од уставната се надеваат дека и овој проблем ќе се надмине со најавените нови вработувања на почетокот на 2025-та, соопштија денеска од општата болница во Куманово. 

- Среден медицински кадар генерално имаме дефицит, но носители на дејноста затоа и ги ставаме во прв план се лекарите. Но имаме дефицит и од медицински сестри, од болничари, помошно технички персонал, имаме одлив на кадар, по основ пензионирање, префрлување по основ на живеење, колешки кои мигрираат во други градови со склучување на брак... Се надевам и верувам дека февруари-март ќе имаме и во тој дел дополнување на кадар, ние имаме поднесено барања за вработувања, изјави Владимир Симоновски, главен медицински техничар во општа болница.

И министерот за здравство, Арбен Таравари денеска на брифинг со новинарите рече дека е обезбеден буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, конкурсите ќе бидат објавени на почетокот на новата година.

-Министерството за здравство во соработка со Владата потегна една идеја дека ќе се вработуваат лекари специјализанти. Се надеваме дека ќе имаме убава бројка за Куманово примени специјализанти. И со тоа ќе го надополниме нашиот дефицит од кадар лекари, ќе ги намалиме листите за чекање, дали за операции, мамографија, снимање на рендген и таму имаме проблем, се во интерес на граѓаните и секоја пациент да биде задоволен. Што побргу се случат новите вработувања, тоа подобро, додава Симоновски.

Општа болница покрива територија на шест општини од североистокот и обезбедува секундарна здравствена заштита за Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Ранковце со приближно 200.000 граѓани. Во близина се три гранични премини, меѓу нив Табановце како најфреквентен и затоа надлежните, најавија дека ќе преземат мерки за подобрување на функционирањето за итните случаи. ам/цр


Фото: МИА

Остани поврзан