• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кулибали сака да ја напушти Италија доколку мора да го напушти Наполи

Кулибали сака да ја напушти Италија доколку мора да го напушти Наполи
Неапол, 7 јули 2022 (МИА) - Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали би можел да го напушти тимот во текот на летниот преоден рок. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, 30-годишниот Сенегалец не сака да остане во Италија доколку го напушти Наполи. Интерес за играчот покажуваат Челзи и Барселона. Актуелниот договор на Кулибали со Наполи е до јуни 2023 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 35 милиони евра. Во сезоната 2021/22, Кулибали забележа 34 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и три асистенции. зс/

Остани поврзан