• среда, 13 ноември 2024

Кузеска: Цените не се намалени, владината мерка нема никаков ефект

Кузеска: Цените не се намалени, владината мерка нема никаков ефект

Скопје, 25 септември 2024

Изјава за медиуми, Богданка Кузеска, портпаролка

Почитувани,

Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи нема никаков ефект и не се одрази на намалување на цените.

На терен, во маркетите и во разговор со граѓаните заклучокот е дека нема намалување на цените на најголем дел од основните производи. 

Само еден вид на леб на пример е намален за 1 денар. Кај месото има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е незначително, додека млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени.

За дел од овие цени на производите кои што сега се намалуваат во изминатите неколку недели веќе биле поскапени.

Закаснетата реакција на Владата и неефикасните мерки немаат никаков реален ефект.
Граѓаните со право реагираат дека живеачката станува се поскапа.  Тоа го потврдуваат и статистичките податоци.

Минималната синдикална кошничка е зголемена на 61.306 денари овој месец а трошоците за храна и пијалок се поголеми за 717 денари во споредба со минатиот месец.

Во исто време, просечната плата бележи пад во просек за 1.000 денари. Одлуката на владата на Мицкоски да ги замрзне платите е погрешна.

Последиците од ова ги трпат граѓаните на Македонија и значат директен удар на нивниот стандард.

Ваквите неуспешни политики на Мицкоски само го зголемуваат товарот врз граѓаните и го отежнуваат нивниот секојдневен живот.

Со ВМРО-ДПМНЕ стандардот на граѓаните опаѓа а животот на граѓаните станува потежок.

Конфликтите во Владата ја потврдуваат нејзината неспособност

Снопче и Мицкоски, заедно со Таравари треба да седнат и да работат нешто за граѓаните а не да се расправаат.

Владата функционира само кога треба да се договорат како да ја партизираат државата и делат привилегии, за се друго е целосно нефункционална.

Наместо да владеат во интерес на народот, тие го блокираат напредокот, ги одложуваат реформите и создаваат атмосфера на неизвесност и поделеност.

Граѓаните очекуваат мерки за справување со скапиот живот, очекуваат повисоки плати, проекти, а тие се расправаат преку медиуми. Ова ја потврдува реално нивната неспособност.

Воопшто не е важно дали конфликтот е реален или не, тој на крај резултира со слаба Влада која ги злоупотребува чуствата на граѓаните.

Овие конфликти внатре во Владата и постојани јавни препукување не се непознати, тоа го правеа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во цел мандат.

Во јавност се караа на маса ги делеа бизнисите. Но ВМРО-ДПМНЕ поинаку и не знае да владее освен да одржува некоја тензија постојана што е огромна штета за граѓаните.

СДСМ

Фото и видео: СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан