• недела, 24 ноември 2024

Кузеска: СДСМ нема да дозволи да се блокира државата заради фотелјата на Мицкоски

Кузеска: СДСМ нема да дозволи да се блокира државата заради фотелјата на Мицкоски
Скопје, 15 мај 2022 Со политиките реализирани од СДСМ, државата е стабилна и сигурна, успешно се справува со предизвиците од најголемата светка и економска криза. Додека СДСМ успешно менаџира со кризата, спроведува мерки вредни 400 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да блокира. Деструкцијата на Христијан Мицкоски е обид да се загрози нормалното функционирање на институциите во време на најголема светска криза и да се закочи државата, да се предизвикаат проблеми. Помина една недела, Собранието и покрај обидите да блокади на Мицкоски функционира. Ништо не се постигна освен што се одолговлекуваше дневниот ред, се создаваше хаос на седниците. ВМРО-ДПМНЕ не доби ништо. СДСМ и мнозинството покажаа како се работи за граѓаните, блокадите на Мицкоски во Собранието се поразени. Наместо за интересот на граѓаните и државата Мицкоски се бори единствено за сопствената фотелја во белиот дворец. Постои незадоволство од неговата работа внатре во партијата заради неговата неспособност. Ваквото деструктивно и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ не е ново, можеме да кажеме дека е тоа одлика на оваа партија. ВМРО-ДПМНЕ така се однесуваше и кога државата се справуваше со последиците од пандемијата со ковид 19, и кога се носеа пакетите за помош, така се однесувше и кога СДСМ ја покачуваше минималната плата, пензиите. Дури и кога се стратешките интереси на земјата и иднината на земјата го гледаме истото однесување. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работеа против Преспанскиот договор и членството во НАТО. До пред само 5 години државата беше изолирана, заробена од режимот, скарана со соседите, а општеството беше поделено по речиси сите основи каде тензиите и конфликтите беа секојдневие. СДСМ преку одговорните политики ја врати државата на европскиот пат, ја реализиравме стратешката цел - членство во НАТО, ги вративме слободата и демократијата и започнавме со градење на едно општество за сите. Денес, благодарение на политиките на СДСМ живееме во држава која е пријател и партнер на регионот и демократскиот свет, денес македонскиот јазик и идентитет за потврдени и трајно заштитени. Соочени со нови предизвици, СДСМ е повторно на страната на државата и на граѓаните. Прашање: Како ја коментирате последната анкета на ИПСОС каде се наведува дека опозицијата наводно имала предност пред власта и дали ова би допринело кон зголемен притисок од опозицијата за предвремени избори?Ова е само уште еден доказ за обидите за блокади на Христијан Мицкоски, но и за манипулации. Целата македонска јавност имаше можност да види како се спроведуваат анкетите коишто се по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ. Но, како и да е ова е уште еден доказ за паниката кај Христијан Мицкоски и неговата нервоза поради фактот дека секојдневно неговиот рејтинг опаѓа, соочен со фактот дека и фотелјата во белиот дворец не е сигурна и соочен со фактот дека изборите кои ќе се одржат 2024 година дефинитивно тој ќе ги загуби. Токму затоа Мицкоски нарачува вакви анкети и затоа тој брза, дури и по цена на штета на граѓаните. Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска https://www.youtube.com/watch?v=BBKUQLnexT0 https://www.youtube.com/watch?v=6tLurIvGGh0 ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан