• среда, 20 ноември 2024

КСОМ бара итна седница на Социјално-економскиот совет

КСОМ бара итна седница на Социјално-економскиот совет
Скопје,13 август 2022 (МИА) - Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) бара од Владата итно да се одржи седница на Социјално-економскиот совет. Според КСОМ, причина за ваквото барање е актуелната состојба „која е неиздржлива поради енормно покачените животни трошоци“. Доколку не се исполнат барањата за итна седница, КСОМ најавува дека ќе одржи штрајк. Претседателот на Независниот синдикат на полицијата и главен генерален координатор на независните синдикати во Македонија Гоце Делчев Тодев рече дека од мај годинава огромен е бројот на граѓани кои ја напуштаат земјава, особено од секторите полиција, здравство и образование. Оценка на КСОМ е дека годишно од земјава заминуваат пет отсто од вработените во образованието. -Апелираме и до останатите синдикати на национално ниво, да седнеме и заеднички да донесеме став. Доколку ни се приклучат, ќе бидеме уште посилни како работници. Доколку не сакаат да се приклучат на нашата иницијатива, ние веќе донесовме одлука. Ќе правиме штрајкови и протести, а за датумот дополнително ќе известиме, истакна на денешната прес-конфернција претседателот на КСОМ Марјан Ристески. Според КСОМ, граѓаните се осиромашени и не можат да опстанат зашто се е поскапено, а платите се на исто ниво, додека Владата прави непродуктивни трошоци. мд/мч/  

Тагови

Остани поврзан