• среда, 16 октомври 2024

Крос верува дека Зидан ќе ја предводи француската репрезентација

Крос верува дека Зидан ќе ја предводи француската репрезентација

Мадрид, 20 декември 2022 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Тони Крос ја процени веројатноста Зинедин Зидан да ја води француската репрезентацијата.

-Мислам дека Зидан не само што ќе биде добар наследник на Дешам, туку во принцип и најдобар можен. Прашањето е само што сака Дешам. Мислам дека шансите Зидан да биде назначен се 70:30, изјави Крос на „MagentaTV“.

Сегашниот селектор Дешам ја предводи француската репрезентација од 2012 година. Актуелниот договор на 54-годишниот Французин истекува на крајот на декември 2022 година.

На Светското првенство 2022 година, Франција загуби од Аргентина во финалето по изведување пенали (3:3, 2:4). зс/

Остани поврзан