Кристијан Штрајх по три децении заминува од Фрајбург
- По речиси три децении минати во редовите на Фрајбург како тренер и поранешен фудбалер, 58-годишниот Кристијан Штрајх објави денеска дека на крајот на сезоната ја напушта клупата на бундеслигашот.
Фрајбург, 18 март 2024 (МИА) – По речиси три децении минати во редовите на Фрајбург како тренер и поранешен фудбалер, 58-годишниот Кристијан Штрајх објави денеска дека на крајот на сезоната ја напушта клупата на бундеслигашот.
Штрајх изминатите 12 години седи на клупата на Фрајбург, во кој во минатото беше и тренер на младинскиот тим, а настапуваше и како фудбалер.
„Размислував за тоа долго време и имав многу разговори, но верувам дека по 29 години минати во клубот дојде време да се остави простор за некој со поголема енергија од мојата“, изјави Штрајх за клупскиот сајт на Фрајбург.
„Отсекогаш сум мислел дека е важно да не го пропуштам моментот што го гледам како најсоодветен за заминување. Поминав многу во мојата кариера во клубот и тоа ми значи сè. Благодарен сум за поддршката што ја добив во текот на изминатите години“, додаде долгогодишниот стратег на Фрајбург.
Извршниот директор на клубот Јохен Сејер рече дека Фрајбург ја прифатил оставката на Штрајх „со жалење“. ег ФОТО: Фејсбук