• среда, 04 март 2026

Кривична против 30-годишен припадник на Армијата, во ранецот му пронашле марихуана

Кривична против 30-годишен припадник на Армијата, во ранецот му пронашле марихуана

Скопје, 3 март 2026 (МИА) - Секторот за внатрешни работи - Скопје поднесе кривична пријава против И.Р., 30-годишно лице од Прилеп - припадник на Армијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

- На 12 февруари во касарна во Петровец, била извршена контрола на ранецот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, појаснија од МВР. бд/вг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан