• сабота, 23 ноември 2024

Кривична пријава против скопјанка за употреба на исправа со невистинита содржина и измама при добивање кредит

Кривична пријава против скопјанка за употреба на исправа со невистинита содржина и измама при добивање кредит
Скопје, 26 септември 2022 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјанката С.З. (51), осомничена за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама при добивање кредит". Во текот на 2021 година, со намера да прикаже дека е кредитоспособна при аплицирање за одобрување ненаменски потрошувачки кредит во една од банките, како што соопштија денеска од МВР, кон апликацијата за кредит приложила лажна потврда за вработување и лични примања, наводно издаден од јавна здравствена установа. - На тој начин ги довела во заблуда одговорните лица во банката да ѝ одобрат ненаменски потрошувачки кредит во износ од 600.000 денари, за кој износ ја оштетила банката и се стекнала со противправна имотна корист, појаснуваат од МВР. цр/сп/

Остани поврзан