• сабота, 23 ноември 2024

Кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластувања" за вработен во МВР

Кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластувања

Скопје, 6 ноември 2024 (МИА) - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупциіа, поднел кривична пријава против А.М.(45) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања" по член 353 од Кривичниот законик.

- Пријавениот, вработен во МВР на работното место началник на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани - СВР Штип, на 11.07.2024 во неколку наврати со неговото приватно возило ги поминал наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати поединечен билет за патарина, односно на вработените во кабината им ја покажувал службената легитимација и ги поминувал наплатните станици, соопштија денеска од МВР.

Во врска со настанот, од Јавното претпријатие „Државни патишта“ бил доставен видео материјал од безбедносните камери на наведените наплатни станици на кои се гледа како пријавениот ја покажува службената легитимација.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Одделот за дисциплински и судски постапки, се наведува во соопштението, против А.М. ќе поднесе предлог за поведуванье постапка за утврдуванье на одговорност за кршење на работната дисциплина и ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката. цр/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан