• сабота, 28 декември 2024

Кривична пријава за даночно затајување

Кривична пријава за даночно затајување

Скопје, 20 април 2023 (МИА) - Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.И.(63) од село Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

-Пријавениот, во текот на 2020 година преку сопствената банкарска трансакциска сметка во вкупно 18 наврати реализирал прилив на парични средства во вкупен износ од 4.837.240 денари, за кои до Управата за јавни приходи не пријавил и не платил данок на личен доход во износ од 10% или 483.724 денари и за тој износ го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од МВР. дма/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан