Кремљ: Путин не се договарал со Дуров
- Претседателот на Русија, Владимир Путин нема склучено никакви договори со основачот на Телеграм, Павел Дуров, изјави денеска на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков
Москва, 30 август 2024 (МИА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин нема склучено никакви договори со основачот на Телеграм, Павел Дуров, изјави денеска на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека колку што тој знае, Путин никогаш не се сретнал со Дуров.
Дуров не водел никакви преговори со Кремљ, нагласи Песков, коментирајќи ги медиумските извештаи кои ги потенцираа чести патувања на основачот на Телеграм во Русија по 2014 година и фактот дека деблокирањето на Телеграм од страна на рускиот телекомуникациски регулатор „Роскомнадзор“ се совпадна со присуството на Дуров во Санкт Петербург. ми/
фото: МИА архива