• петок, 27 декември 2024

Крводарителски акции денеска и утре во Делчево и Македонска Каменица

Крводарителски акции денеска и утре во Делчево и Македонска Каменица

Делчево, 2 март 2023 (МИА) - Во Делчево и Македонска Каменица денеска и утре се одржува крводарителска акција. Во рамки на денешната акција како што истакна д-р Петар Богдановиќ од Институтот за трансфузиона медицина делчевчани масовно ја изразуваат својата хуманост подарувајки 45 крвни единици.

-Се наоѓаме во просториите на Црвен Крст Делчево каде во тек е крводарителака акција. Скоро е 12 часот, досега имаме 45 крводарители. Акцијата трае до 15 часот, затоа ги повикуваме сите да даруваат крв и да спасат човечки живот, рече Стојановиќ.
 
Упати апел до крводарителите од Македонска Каменица да се придружат на семејството на крводарители и да учествуваат во утрешната крводарителска акција која ќе се одржи во Домот на културата во овој град.
 
Од Општинската организација на Црвен крст Делчево изразија задоволство што на денешната акција е зголемен бројот на млади крводарители.
 
-Бројката беше подеднаква и од момчињата и од девојчињата, од нив имавме неколку кои  за прв пат станаа крводарители што е за поздравување, додадоа од Црвен крст Делчево.
 
Отааму очекуваат до крајот на денот до кога трае акцијата, да биде достигната бројката од 100 крводарувања, што е еден од рекордите на крводарителските акции кои од почетокот на годината се одржаа во Делчево. вс/сст/
 
Фото: МИА 

Остани поврзан