• среда, 16 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Крамп-Каранбауер на 24 февруари ќе го предложи својот наследник

Крамп-Каранбауер на 24 февруари ќе го предложи својот наследник
Берлин, 14 февруари 2020 (МИА) - Претседателката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каранбауер својот наследник ќе го предложи на 24 февруари, изјави премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер. Тој додаде дека тоа ќе биде специфичен предлог, но не наведе повеќе детали. Крамп-Каранбауер на почетокот од неделата објави дека се повлекува од местото претседателка на ЦДУ откако нејзината партија изгуби во Турингија од десничарската Алтернатива за Германија (АфД). ми/

Остани поврзан