• сабота, 23 ноември 2024

Кралот Чарлс ден пoрaно го прослави 75. роденден

Кралот Чарлс ден пoрaно го прослави 75. роденден

Лондон, 14 ноември 2023 (МИА) - Британскиот крал Чарлс Трети ден пoрaно го прослави својот 75. роденден, со торта на три ката и забава одржана во негова чест.

Свеченоста се одржа вчера на кралскиот имот во Хајгроув, во jугозападна Англија. На прославата присуствуваа претставници на Националната здравствена служба, како и други организации и на околните општини. Хор ја изведе песната „Среќен роденден“ за шефот на државата.

Неговиот син, принцот Хари, кој живее во САД, не е во Лондон, но ќе оствари прекуокеански „трансатлантски“ телефонски повик со татко сѝ, јави „Би-би-си“.

Трпезата за забавата беше дело на готварскиот виртуоз Рејмонд Бланк, а расположението го одржуваа настапите на Ли Џон од составот „Имаџинејшн“ од 1980-тите.

На крајот кралот требаше да ја пресече роденденската торта, па присутните почнаа „дебата“ за тоа - од кој кат од тортата да се почне? Кралот го избра долниот слој - пандишпанот „Викторија“, направен во негова чест, а публиката „го бодреше“...

Кралот Чарлс е роден на 14 ноември 1948 година. Денеска ќе биде нормален работен ден за монархот.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан