• среда, 13 ноември 2024

Кралицата ѝ го честита 39. роденден на Кејт Мидлтон

Кралицата ѝ го честита 39. роденден на Кејт Мидлтон
Лондон, 11 јануари 2021 (МИА) - Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон го прослави 39. роденден и, по тој повод, кралицата Елизабета Втора и принцот Филип објавија фотографии од принцезата на Инстаграм. „На војвотката од Кембриџ ѝ посакуваме среќен роденден“, се вели во објавата на кралицата. Официјалниот инстаграм-профил на палатата Кенсингтон, која ги претставува војвотката Кејт и нејзиниот сопруг - принцот Вилијам, исто така сподели фотографија. „Ви благодариме за Вашите најљубезни желби за роденденот на војвотката. Родендените беа многу поинакви последниве месеци, а нашите мисли продолжуваат да бидат со сите оние кои се на првите борбени линии во ова значајно, предизвикувачко време“, се вели во нивната објава. си/сд/

Остани поврзан