• сабота, 27 јули 2024

Кошаркарите на Милано сè уште не може да го напуштат Мадрид поради снежната бура

Кошаркарите на Милано сè уште не може да го напуштат Мадрид поради снежната бура
Мадрид, 10 јануари 2021 (МИА) – Тимот на Милано не е во можност да се врати дома по натпреварот од Евролигата против Реал Мадрид. Победата на 8 јануари (80:76) беше историска за Милано, кој го имаше првиот успех во Мадрид. Но, поради лошите временски услови, тимот не може да лета за Италија. Меѓународниот аеродром во Мадрид сè уште е затворен поради снежната бура „Филомена“. Раководството на италијанската лига го одложи првенствениот натпревар против Кремона, кој требаше да се одигра денес. зс/

Остани поврзан