• среда, 25 декември 2024

Костовски: СДСМ е за членство во ЕУ, за поголеми плати и пензии до 100 отсто, ДПМНЕ е за изолација

Костовски: СДСМ е за членство во ЕУ, за поголеми плати и пензии до 100 отсто, ДПМНЕ е за изолација

Скопје, 18 септември 2023

Два концепти на политичката сцена во земјава се кристално јасни.

ДПМНЕ е за изолација а СДСМ за членство во ЕУ.

Интеграцијата носи економски напредок и подобар животен стандард на граѓаните а изолацијата економско уназадување.

Членството во ЕУ гарантира повисоки плати и пензии, подобар животен стандард и силен економски развој.

Вклучување во единствениот европски пазар од 500 милиони луѓе, пристап до голем број бенефиции, фондови и инвестиции од ЕУ за развој на инфраструктурата, земјоделството, образованието, здравството, културата.

Позитивните ефекти врз економијата во првите години од членството во ЕУ на земјите кои досега се зачлениле се најсилен показател.

Во првите 5 години од членство во ЕУ платите за работниците растат од 70-100%.

Ако СДСМ успеа за краток период да ја зголеми двојно минималната плата на 20.000 денари, просечната плата на 37.000 денари и просечната пензија да ја зголеми за 40%, со членство во ЕУ платите и пензиите значително ќе се зголемат.

Членството во ЕУ носи пораст на БДП и до над 80%. Дополнителен годишен доход по жител од 850 евра, во текот на една година само затоа што земјата е членка на ЕУ.

Ако СДСМ успеа во кризна година да обезбеди 753 милиони евра странски инвестиции, со членство во ЕУ овие инвестиции ќе бидат значително поголеми.

Тука секако е и пристапот до различни фондови. Хрватска на пример за 10 години има 12 милијарди евра.

За тоа се бори СДСМ. Да за Европа затоа што со членство во ЕУ го обезбедуваме македонскиот јазик и идентитет но и економскиот просперитет на државата и на сите наши граѓани.

Од друга страна ДПМНЕ со своите неразумни постапки сака сето ова да го блокира.

ДПМНЕ е за изолација, за економска неизвесност и тапкање во место. Нема ниту еден аргументи зошто се блокира подобар животен стандард на граѓаните.

Затоа, блокадите на ДПМНЕ мора да бидат поразени и ние ќе направиме се земјата да продолжи по европскиот пат.

Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан