• среда, 18 декември 2024

Костовски: Мицкоски, Лефков и ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за лагите кои ги фабрикуваа за Ковачевски

Костовски: Мицкоски, Лефков и ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за лагите кои ги фабрикуваа за Ковачевски

Скопје, 12 октомври 2022

Со денови ВМРО-ДПМНЕ ја лажеше јавноста и фабрикуваше лаги против претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.Секој ден од Белиот дворец се пласираа најдолни лаги.Тие лаги се демантирани и од Државната комисија за спречување на корупцијата која соопшти дека нема никаков основ и затоа нема да има никаква постапка.Со ова се потврдува дека измислените афери на ВМРО-ДПМНЕ се единствено со цел да се дефокусира јавноста од криминалниот тендер од 136 милиони евра во Град Скопје, за кој функционерите на ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваа за вмешаност.Денес, откако и потона и последната нивна лага, Мицкоски, Лефков, и ВМРО-ДПМНЕ треба да му се извинат на претседателот Ковачевски, а потоа и на јавноста која со денови ја лажеа и манипулираа.Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, тоа е криминална партија која своето дејствување го базира на лажни вести и фабрикувани дезинформации затоа што нема никаква понуда за граѓаните.

Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Центар за комуникации на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан