• петок, 11 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Косовски полицаец им подлегна на повредите откако синоќа беше застрелан во Качаник во југоисточно Косово

Косовски полицаец им подлегна на повредите откако синоќа беше застрелан во Качаник во југоисточно Косово

Приштина, 2 април 2025 (МИА) - Косовски полицаец им подлегнал на повредите откако бил застрелан пред неговиот дом во градот Качаник во Југоисточно Косово, објави весникот „Коха диторе“, повикувајќи се на информации од косовската полиција.

Полицаецот бил застрелан синоќа во 23 часот во влезот од зградата во која живеел.

Според информациите од полицијата, полицаецот бил тешко повреден и веднаш бил префрлен во медицинска установа во градот, каде им подлегнал на повредите.

Портпаролот на полицијата во Урошевац, Канун Весели за „Коха диторе“ изјави дека истражната екипа е на местото каде што се случила експлозијата и се уште се нејасни околностите околу инцидентот. рп/

Фото: архива на МВР

Остани поврзан