• четврток, 26 декември 2024

Концерт „Монолог на тагата” со Дијана Имери Илкоска и „ID Chamber Orchestra”

Концерт „Монолог на тагата” со Дијана Имери Илкоска и „ID Chamber Orchestra”
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - Во Камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт насловен „Монолог на тагата”, во изведба на диригентката Дијана Имери Илкоска  и камерниот оркестар „ID Chamber Orchestra” составен од врвни уметници. На концертот ќе настапат реномираните гости кларинетистот Игор Бакревски, флејтистката Будимка Имери и актерката Симона Спировска која ќе интерпретира текст од авторката Тина Иванова напишан специјално за оваа пригода. -На програмата се дела од композиторите Јан Сибелиус и Густав Холст кои ќе отсликаат еден уникатен емотивен пејзаж, а публиката може да очекува впечатлива вечер исполнета со многу музика и интимна нарација . Сето тоа ќе претставува едно навистина несекојдневно доживување за публиката, стои во најавата за концертот. Дијана Имери Илкоска бележи бројни успеси со нашата Филхармонија, бројни ансамбли и состави, Оркестарот на НОБ, Симфонискиот Оркестар и Хор на Бугарското Национално Радио, Дубровачкиот Симфониски оркестар и многу други. Неодамна излезе и нејзиниот нов албум наречен „Филхармонија во срцето” за дискографската куќа Контемпо каде со Камерниот Оркестар на Филхармонија изведува дела од Аренски, Зографски и Дворжак. Концертот е поддржан од Министерството за култура, а влезот е слободен.лв/

Остани поврзан