• сабота, 23 ноември 2024

Контролирана експлозија кај амбасадата на САД во Лондон, евакуација и на аеродромот Гетвик

Контролирана експлозија кај амбасадата на САД во Лондон, евакуација и на аеродромот Гетвик

Лондон, 22 ноември 2024 (МИА) - Британската полиција изврши контролирана експлозија откако „сомнителен пакет“ беше пронајден пред амбасадата на САД во Лондон.

Метрополитен полицијата постави безбедносни кордони околу локацијата во Најн Елмс, јужно од реката Темза, јавуваат британските медиуми.

„Можеме да потврдиме дека 'гласната експлозија' што беше пријавена во областа е контролирана експлозија изведена од страна на полицијата,“ стои во објавата на лондонската полиција на платформата Икс, со дополнување дека истрагата продолжува, а кордоните ќе останат присутни уште некое време.

Во меѓувреме, од аеродромот Гетвик известија дека „голем дел“ од јужниот терминал е евакуиран поради истрага на можен безбедносен инцидент. „Патниците нема да можат да влезат во јужниот терминал додека трае истрагата,“ се додава во изјавата.

Засега нема информации дали постои поврзаност меѓу сомнителниот пакет кај амбасадата на САД и евакуацијата на аеродромот. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан