• недела, 24 ноември 2024

Контранапад на украинските сили за ослободување на Керсон

Контранапад на украинските сили за ослободување на Керсон
Киев, 29 август 2022 (МИА) - Украинските сили почнаа контраофанзива за јужниот град Керсон, што е под окупација на руските сили, изјави денеска претставник на локалната власт. - Денеска имаше голем артилериски напад врз непријателските позиции … на целата територија на окупираната област Керсон, изјави заменикот на Регионалниот совет на Керсон, Сергеј Клан. Тој додаде дека од пролетта чекаат вест за отпочнување на операција за ослободување на регионот Керсон. ми/

Остани поврзан