• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Конкурс на Општина Центар за финансиска поддршка на проекти од културата за 2025 година

Конкурс на Општина Центар за финансиска поддршка на проекти од културата за 2025 година

Скопје, 6 март 2025 (МИА) - Општина Центар распиша Конкурс за финансиска поддршка на проекти од културата за 2025 година, со вкупен  износ од  3.600.000 денари. Конкурсот е наменет за сите физички лица, здруженија, организации и правни субјекти кои се активни во областа на културата и уметноста, со седиште на територијата на Општина Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски ги повика сите заинтересирани да се пријават за да се збогати културниот живот на општината. Проектите, вели тој,  треба да бидат иновативни, да обезбедат достапност на културата до граѓаните, да вклучуваат различни старосни групи и да ја афирмираат современата уметност и младите професионалци.

-Културата е двигател на општеството, а нашата обврска како општина е да создадеме услови за нејзино унапредување и достапност до сите граѓани. Овој конкурс е можност за сите уметници и културни работници да ги реализираат своите креативни идеи и да придонесат кон збогатување на културната сцена во Центар, истакнува Герасимовски, се наведува во денешното соопштение од Општина Центар.

Финансиска поддршка ќе се доделува за проекти во областите: изведбени уметности, музички уметности, визуелни уметности и уметност на новите медиуми, издавачка и библиотечна дејност, промоција на културното наследство и креативни индустрии.

Конкурсот ќе трае десет дена и завршува на 15 март.

Пријавите со потребната документација може да се поднесат преку пошта на адреса: Општина Центар-Скопје, Сектор за јавни дејности/Одделение за култура, ул. „Михаил Цоков“ бр.1, 1000 Скопје или во Архивата на Општина Центар (барака 6) од 9.00 до 15.00 часот.

Сите пријавени проекти ќе бидат оценети од комисија за евалуација, а избраните ќе бидат дел од Годишната програма за култура на Општина Центар за 2025 година.

Повеќе информации се достапни на веб-страницата на Општина Центар: https://www.centar.gov.mk/?p=24566  хс/ цр

Фото: МИА архива 

 



Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан