• среда, 13 ноември 2024

Конкурс на НАСА за името на новиот истражувачки ровер (линк)

Конкурс на НАСА за името на новиот истражувачки ровер (линк)
Хјустон, 24 јануари 2020 (МИА) - НАСА во јули испраќа нов истражувачки ровер на Марс, па побара од американските ученици да предложат име за возилото. Децата ширум САД, од оние на предучилишна возраст па се до средношколци, предложија 28.000 имиња, од кои во полуфиналниот избор влегоа 155, а во финалето - девет предлог-имиња. За нив може да се гласа на интернет-анкетата на НАСА, која е отворена до 27 јануари. Следува списокот називи за кои може да се гласа: 1) Endurance (Издржливост); 2) Tenacity (Истрајност); 3) Promise (Ветување); 4) Perseverance (Упорност); 5) Vision (Визија); 6) Clarity (Јасност); 7) Ingenuity (Генијалност); 8) Fortitude (Сила); 9) Courage (Храброст). Резултатите ќе бидат објавени на 15 март. Ученикот предлагач, чие име ќе има најмногу гласови, ќе има прилика да го проследи лансирањето на роверот. Истражувачкото возило, како што е предвидено, ќе слета на кратерот Језеро, крстен по населба во Босна и Херцеговина. си/сд/

Тагови

Остани поврзан