Компаниите во Германија очекуваат поголема продуктивност благодарение на вештачката интелигенција
- Повеќето германски компании, поточно 70 отсто, очекуваат во иднина да постигнат поголема продуктивност благодарение на вештачката интелигенција (ВИ), е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Минхен, 1 октомври 2024 (МИА) - Повеќето германски компании, поточно 70 отсто, очекуваат во иднина да постигнат поголема продуктивност благодарение на вештачката интелигенција (ВИ), е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања од Минхен.
Резултатот покажува дека многу компании го гледаат потенцијалот во вештачката интелигенција, коментира шефот на истражувањето од Институтот, Клаус Волрабе.
Според него, сите компании ќе треба да размислат дали и како можат да користат вештачка интелигенција во својата работа.
Германските компании очекуваат нивната продуктивност во следните пет години да се зголеми во просек за осум до 16 отсто благодарение на вештачката интелигенција.
Особено високи очекувања имаат давателите на услуги, кои прогнозираат дека нивната продуктивност ќе се зголеми за 10,2 до 20,9 проценти во следните пет години поради вештачката интелигенција, како и во трговијата - за 9,1 до 23 проценти.
Најмали очекувања има во градежништвото, каде што очекуваат раст на продуктивноста од 8,2 до 14,8 отсто, што е во согласност со релативно скромното користење на вештачката интелигенција во тој сектор.
Опсегот на овие очекувања покажува дека компаниите не се сигурни како точно вештачката интелигенција ќе влијае на нивниот бизнис, заклучува Волрабе. рп/
Фото: МИА архива